Верувале или не: На 42 години се враќа 9-от најскап фудбалер на сите времиња!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Хуан Себастијан Верон, пензионираниот аргентински фудбалер, ќе проба да се врати во фудбалот на 42 години.

    „Имав среќа да почнам во овој клуб на 5 години и да ја завршам кариерата на 39. Немам причина за плачење.“

    Сега се планира да се врати во дресот на истиот клуб, во кој е претседател, за да му помогне на тимот во Копа Либертадорес.

    „Го гледам во формација 4-2-3-1 зад напаѓачот, тоа ќе биде неговата улога. Неговото искуство ќе ни помогне.“

    До крајот на годината ќе се обиде да се врати во форма, а потоа ќе одлучи дали ќе му помогне на Естудијантес да ја освои првата Копа Либертадорес по 2009 година.

    Пред 7 години како најдобар играч во натпреварувањето го однесе Естудијантес до титулата, а пред финалето против Крузеиро изјави дека би ги менувал сите свои успеси за титулата.

    Верон во кариерата има играно за Бока Јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Челси, Интер и Манчестер Јунајтед.

    „Додека играв во Европа се чувствував лошо. Само ги менував клубовите, а никаде не најдов мир. Најлошо беше во Англија. Сакам да го заборавам тоа време. Имаат одлична лига, но тоа е се. Таму многу работи не ми се прифатливи. Да речеме, тие не се загреваат пред натпреварите. Во Јунајтед имав проблем со мускулите и разни повреди.“

    Верон со преку 100 милиони евра на вкупни трансфери е 9-ти најскап фудбалер на сите времиња. За Аргентина настапуваше 14 години, а неостварена желба му е титула на СП.

    https://youtu.be/p5V4YGwgvx8