Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Звучи неверојатно, но Един Џеко самиот има повеќе репрезентативни настапи отколку сите единаесеттмина Шпанци кои го стартуваа пријателскиот меч против БиХ во Лас Палмас.
Луис Енрике за мечот против оваа селекција ги избра следниве репрезентативци: Кеп, Џони, Лјоренте, Хермосо, Гаја, Себалос, Сусо, Иско, Асенсио, Мората. Тие заедно имаат 97 настапи за „Црвената фурија“.
Од друга страна, Един Џеко одигра 98 натпревари за репрезнтацијата на БиХ, еден меч повеќе од исте противници на теренот заедно.
Шпанците веќе пронајдоа податок кој говори дека, ова е „најнеискусната“ прва постава на Шпанија од 3. септември 2005. година, кога Фуријата одигра пријателски меч против Канада.
Освен тоа, шпанските стартни единаесеттмина, просечно се стари 24 години и 71 ден, што оваа екипа ја прави најмлада од 2005. година и мечот против Србија и Црна Гора во Белград.