До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од редовите на Вест Хем ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат голманот на Манчестер Јунајтед кој во моментов настапува во Астон Вила, Сем Џонстон.
25 годишниот Џонстон никако не може да добие шанса покрај неверојатниот Давид Де Геа и одличниот Серхио Ромеро, па веројатно ова лето на перманентна основа ќе го напушти „театарот на соништата“.
Џонстон брани одлично во Астон Вила и со клубот од Бирмингем е на пат да обезбеди пласман во Премиер Лигата.
Манчестер Јунајтед неодамна го продолжи договорот со Џонстон до 2019 година, па доколку Вест Хем сака да го купи ќе мора да издвои околу четири милиони фунти за неговите услуги. Покрај Вест Хем интерес за Џонстон постои и од неговиот сегашен клуб, Астон Вила.















