Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мирко Ивановски уште еднаш се покажа како играч за одлука откако го постигна единствениот гол на дуелот помеѓу Славен Белупо и Интер Запреишиќ.
Повремениот македонски репрезентативец се најде на вистинското место во 49’ минута од натпреварот и со прецизен удар го матираше голманот на Интер.
Ивановски го реши и претходниот натпревар кога Славен беше подобар од Локомотива Загреб со идентичен резултат од 1:0.