(Видео) Нејмар со дриблинг му ја „скрши кичмата“ на играчот на Малага


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Барселона денеска на домашан терен одигра натпревар без голови во рамките на 12. коло во Ла Лига.

    Каталонците на денешниот натпревар имаа многу прилики, но гостите на крајот успеаа да го сочуваат својот гол и да си заминат од Барселона со еден бод. Домашниот тим играше без Меси и Суарез, а главна ѕвезда беше Нејмар.

    Бразилскиот фудбалер не беше брилијантен денеска против Малага, но имаше неколку одлични потези. Еден од нив беше и дриблингот во финишот на натпреварот кога му ја „скрши кичмата“ на играчот на Малага. Навистина феноменален дриблинг на Нејмар.