До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џек Вилшер сака неговата иднина да биде решена пред стартот на светското првенство, а во изјава за медиумите во Англија истакна дека Арсен Венгер му кажал дека ќе си замине од клубот по крајот на сезоната.
Вилшер откри дека Венгер му пристапил додека бил во теретана и му рекол: „Ќе бидам искрен со тебе, во овој момент нема да ти понудиме договор, па доколку можеш да си обезбедиш трансфер на друго место, може да одиш.“
Вилшер истакна дека не бил среќен со таквиот развој на настаните, но од друга страна вели дека бил благодарен што Венгер бил искрен кон него.
Сепак, некогаш најталентираниот фудбалер од Англија добиваше шанса во куповите во Англија и во Лигата на Европа и истата ја искористи со што доби повик и од селекторот на Англија, Герет Саутгејт, а сега веројатно ќе добие и договор на маса од тимот кој на почетокот на сезоната му кажал дека е непожелен.
Дали Вилшер ќе го прифати или не останува да видиме.















