Вистинска лудница во Мадрид: Венгер ќе го преземе Реал!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан од денеска не е повеќе тренер на Реал Мадрид.

Откако пред неколку дена ја освои третата титула по ред во Лигата на шампиони со Реал Мадрид, Зидан денеска имаше вондредна прес-конференција, на која соопшти дека заминува од екипата.

Епа ако тоа беше шок, кога ќе видите кој ќе го наследи, ќе бидете уште повеќе шокирани. Секако, ова не е сигурна информација, туку ја пренесуваат медиумите од странство, а е основана на коефициентите во светските обложувалници.

Тие нудат коефициент од 6,00 дека Арсен Венгер ќе биде нов тренер на „кралевите“, додека следното име е уште поголемо изненадување, а станува збор за Гути.

По нив следуваат Маурицио Покетино со коефициент 7, а по него се Антонио Конте, Маурицио Сари и Јоаким Лев.