Вистинскo лудило на Сан Сиро, Милан со голем пресврт до победа, во Торино падна и Фиоре!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во најлудиот натпревар во последните неколку години  во Серија А, Милан го сруши Сасуоло. После Рома, во Торино падна и Фиорентина!

    Милан го направи невозможното, во еден од мечевите кој влегува во историјата, успееја да се вратат во натпреварот и за неверојатни 20 минути од извесен пораз стигнаа до триумф.

    Не изгледаше дека ќе видиме комплетно лудило на Сан Сиро кога Бонавентура испрати топка која удри во некого и го излажа Консиљи и ги доведе домаќините до предност.

    Кратко траеше задоволството, почетничка грешка на одбраната на Милан, тргна контра, Политало веќе  после десет минути израмни.
    А тогаш комплетно лудило, фудбалерите на Сасуоло се шетаа низ одбраната на Милан, прво заборавениот Ачерби, па Палегрини ги доведоа гостите до големи 3:1.

    А тогаш историја. Прво Бака во 69 минута намали на 2:3, а Локатели работите да ги врати на почеток со одличен гол во 73 минута. Тогаш Сасуоло делуваше безидејно, Палета успеа да искористи центаршут на Нианг и да направи целосен пресврт 4:3.

    После Донарума одбрани волеј на Политано, а Милан стигна до неверојатен триум и делба на третото место!

    Во Торино, одлични во Бикови во поголем дел од мечот, Михајловиќ ја донесе неопходната цврстина на тимот, а засилувањето од Рома, Јаго Фалке, за 1:0 за Торино.

    Бенаси после пола час ја дуплираше предноста на домаќините, имаа неколку шанси да ги дотолчат Виолетовите, наместо тоа Бабакар кој влезе во игра намали на 2:1.