До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од редовите на Виљареал посакуваат да го донесат во своите редови фудбалерот на Арсенал, Санти Казорла.
Шпанецот неодамна се врати на тренинзите по неговата тешка повреда која го оддалечи од терените речиси две години. Се очекува Казорла да добие барем мала минутажа на некој од преостанатите два натпревари на Арсенал, но веројатно нема да го продолжи договорот со тимот кој го чека комплетна реконструкција во летниот преоден рок.
33 годишниот фудбалер сака да продолжи да игра и не планира да се пензионира, а шанса ќе му понуди неговиот поранешен клуб Виљареал. Доколку се оствари ваквиот трансфер ова ќе биде трето враќање на искусниот фудбалер во дресот на „жолтата подморница“.













