Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на кинескиот Шангај, Андре Виљаш-Боаш го потврди трансферот на Паулињо во Барселона. Виљаш-Боаш е близок пријател со Паулињо и со менаџерот на неговиот тим, Луис Фелипе Сколари.
Веќе подолго се шпекулира дека Барселона е блиску до доведување на бразилецот Паулињо во нивните редови, а сега конечно тоа е и официјализирано. Како и Луис Фелипе Сколари, така и Андре Виљаш-Боаш потврди дека Паулињо од наредната недела ќе биде играч на Барселона.
“Тоа што Паулињо заминува да игра во еден од најдобрите тимови во светот само говори колку внимание се обрнува на кинеската лига. Ова можеби е голема загуба за тимот на Гвангжу Евергранде, но во исто време е огромен успех и чекор напред за кинеската лига.” – изјави Виљаш-Боаш.
Паулињо имаше одлични настапи за Гвангжу Евергранде и го привлече вниманието на неколку врвни тимови, меѓу кои и Барселона.
Висината на трансферот е околу 40 милиони евра а се очекува уште во понеделник Паулињо да се појави на медицински прегледи во клубот од Ноу Камп.