Во 2006 година „немал“ талент: Денес е еден од најдобрите напаѓачи во светот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Како што е познато, еден од најдобрите напаѓачи во светот во 2006 година не можел да си најде клуб.

    Роберт Левандовски е дефинитивно еден од најголемите голгетери денес, а веќе 3 години игра во баерн Минхен во кој постигна 81 гол на 116 натпревари, а во кариерата досега има постигнато 252 голови на 448 натпревари.

    Левандовски како млад играч не добивал многу шанса во првиот тим, а Поледица, кој е претседател на фудбалски синдикат „Независност“, ја советувал Црвена Звезда да го донесе во нејзини редови.

    Поледица подоцна тврдел дека во 2006 година го нудел Левандовски во многу клубови за плата од 1.000 евра, но освен Борусија Дортмунд и Јирген Клоп никој не го сакал.

    „Мирко Поледица го запознав додека играв во Легија Варшава и се сеќавам дека ми помогна многу како соиграч. Ми нудеше помош исто така и кога го менував клубот, но предложуваше нешто поинакво од тоа што јас го замислив и не дојде до соработка. Се сеќавам дека кога се повредив Мирко многу ми помогна. Меѓутоа, што се однесува до клубовите, јас знам што сакав. Па така можно е и Црвена Звезда да беше една од опциите, но тоа не беше мој избор во моментот.“