Во Челси воодушевени: Ова е човекот кој најмногу ќе профитира по случајот „Кепа“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Аферата „Кепа“ не престанува да ја забавува островската јавност.

Откако Шпанецот одби да излезе од игра откако Маурисио Сари одлучи да го замени во финалето од Лига Купот против Сити, Шпанецот наиде на тенок лед.

Стратегот на „Плавите“ експресно реагираше и веќе на следниот меч го стави во тимот Кабалјеро кој, се чини најмногу ќе профитира од оваа цела приказна.

Имено, во клубот се воодушевени како Аргентинецот стоечки се понесе со целата ситуација, па се подготвени да му понудат продолжение на соработката на уште една година, пишува Телеграф.

Единствен проблем би можел да претставува ограничувањето на фудбалерите кои не израснале во Велика Британија, па по заминувањето на Кејхил, Грин, Дринквотер и Мозес ќе мораат да го пополнат кадарот со домашни играчи.

Следното лето пак, веќе ќе биде приказната поинаква…