„Војна“ во Мадрид: Рамос го нападнал Модриќ, а Хрватот не му останал должен!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Наводно, во Мадрид постои „војна“ на кланови помеѓу капитенот Серхио Рамос и еден од најдобрите фудбалери Лука Модриќ.

По поразот на „кралевите“ од Еибар со 0-3 во Ла Лига се случил голем конфликт, а наводно Рамос пред сите фудбалери го обвинил Модриќ дека не се трудел доволно при вториот и третиот гол на Еибар.

Поради тоа, капитенот на Реал побарал од тренерот Сантијаго Солари да го избрише Модриќ од првиот тим на „кралевите“, пишува „Диаиро Спорт“.

Сепак, Модриќ не останал должен и му вратил на Рамос, но не се откриваат повеќе детали.