Вредеше да го постигне првенецот: Погледнете каква награда доби Коларов од локалните власти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот лев бек Александар Коларов беше прогласен за фудбалер на натпреварот Србија-Костарика.

Србија победи со 1:0, а Коларов го постигна единствениот погодок на средбата и тоа на маестрален начин од слободен удар.

Тој погодок после натпреварот му донесе и една навистина интересна награда. Имено, властите од Самарската област му врачија награда на Коларов, клучеви од нова Лада 4×4, бидејќи прв постигнал гол на Cosmos Арената во Самара.

„Откако се посоветувавме со навивачите во Самара, одлучивме да му врачиме награда на фудбалерот кој ќе постигне прв гол на Cosmos Арената за време на Светското првенство. Коларов го постигна тој гол, а Ладата ќе го потсетува на победата во Самара, а освен дома, ќе може да ја вози Ладата и во Рим каде што игра фудбал“, изјавил гувернаторот на Самараската област, Димитриј Азаров.