Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ВТА турнирот во Вухан влегува во својата завршница.
Откако претходно пласман во ½-финале обезбедија Халеп и Кузњецова, тоа истото им успеа и на Квитова и Цибулкова.
Квитова во 2 сетови победи против Конте, по малку повеќе од 1 час игра додека Цибулкова по голема борба беше подобра од Барбора Стрицова со 6:3, 3:6 и 6:4. Овој натпревар траеше вкупно 150 минути.
Во борба за финалето ќе играат Кузњецова и Цибулкова, односно Халеп и Квитова.
Наградниот фонд изнесува 2 288 250 долари.
А на победничката на турнирот ќе и се доделат и 900 бодови за ВТА листата.