До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тимот на Вулверхемптон е првиот тим кој се пласираше во Премиер лигата за следната сезона откако нивниот конкурент Фулам не успеа да победи против Брентфорд.
Популарните „волци“ се враќаат во Премиер лигата по цели шест години откако имаа фантастичен втор дел од сезоната.
Вулверхемптон беше на врвот во Чемпионшип од 18 ноември кога имаа неверојатна серија од 14 натпревари без пораз, а од тогаш беа поразени само на три натпревари.
Се очекува новите сопственици на клубот да инвестираат во засилување на составот за следната сезона, па уште од сега букмејкерите на го ставаат Вулверхемптон како кандидат за испаѓање, туку како кандидат кој ќе заврши во горниот дел од табелата.














