До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Вулверхемптон потврдија дека постигнале договор со Миделсбро за трансфер на крилниот фудбалер Адама Траоре.
22 годишниот фудбалер во Вулвс пристигнува за рекордна клупска сума од 18 милиони фунти, а со тимот од „Мулинукс“ потпиша петгодишен договор.
Траоре имаше импресивна сезона во Миделсбро каде беше избран за најдобар играч на тимот, а во кариерата освен на „Риверсајд“ има настапувано и за Астон Вила, додека клубот беше во Премиер лигата, а има и неколку настапи за тимот на Барселона.















