Вчера беше најголем виновник, денеска Барса му даде нов договор!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Договор е постигнат, Германецот потпишува нов договор со каталонскиот гигант.

    Како што ексклузивно пренесува каталонски Спорт, Марк Андре Тер Штеген, ќе го продолжи договорот со Барселона на уште три години.

    Неговиот моментален договор истекува до јуни 2018 година, а наводно се е договорено и тој ќе потпише нов договор до лето 2021 година.

    Тер Штеген во ова лето стана прв голман на Барселона поради тоа што Клаудио Браво отиде во Манчестер Сити, но од него повеќе се очекуваше.

    Германецот прими неколку голови каде што по мислење на критичарите мораше подобро да реагира, а посебно на удар беше синоќа во Виго, каде што лошо одигра кај првиот и директно згреши кај четвртиот гол.

    Сепак, и покрај тоа, во Барса имаат огромна доверба во него и веруваат дека Тер Штеген ќе биде вистинско долгорочно решение.

    Неговата откупна клаузула изнесува 80 милиони евра, а прашање е дали и таа ќе се промени со новиот договор.