Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пишува дека шефот на скаутите на Монако, Жофри Монкада, решил да ја напушти Франција по шест години и ќе се пресели во Милан.
И покрај тоа што има 31 година, Монкада важи за еден од најдобрите фудбалски скаути, а директно е заслужен за откривање голем број таленти, меѓу кои и Килијан Мбапе.
Ова е нов тежок удар за Монако, кој се наоѓа во тотален хаос. Клубот продаде многу важни фудбалери и во моментов им претстои борба за опстанок во француската Лига 1.















