„Газета дело Спорт“: Џенова ја доби првата понуда за најдобриот играч!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Еден од најбараните напаѓачи од почетокот на сезоната е играчот на Џенова, Криштоф Пјатек, кој игра во фантастична форма.

Соиграчот на Горан Пандев досега постигна девет голови и е најдобар стрелец на Џенова.

Многу екипи се заинтересирани за неговите услуги, а првиот контакт го направил Наполи.

Претседателот на Наполи испратил понуда од 25 милиони евра за Пјатек, но тоа не било доволно за Џенова.

Наводно, Џенова бара 60 милиони евра за талентираниот напаѓач и нема да го пушти за помала сума.