Гасол го „сруши“ Клиперс: Кари и Дурант го „уништија“ Торонто


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Зад нас е уште една многу добра НБА ноќ која донесе многу возбудувања. За изненадување на вечерата се погрижија Мемфис кои беа подобри од Клиперс со 111:107.

    Одличен натпревар одиграа кошаркарите на Мемфис, а јунак беше Марк Гасол. Тој со тројка на 16 секунди пред крајот го реши натпреварот. Гасол го заврши натпреварот со 26 поени, а одличен беше и Мајк Конли со 30 поени.  Кај Клиперс најдобар беше Редик кој постигна 29 поени.

    Интересен дуел одиграа и Оклахома и Хјустон. На крајот Оклахома победис о 105:102, а домаќините до победа стигнаа благодарение на Вестбрук со 30 и Оладипо со 29 поени. Кај гостите најдобар беше Харден со 13 поени.

    https://youtu.be/nqzZq5rHBsg

    Голден Стејт и Кевин Дурант беа незапирливи. Постигнаа 35, односно 30 поени за победа додека на друга страна ДеМар ДеРозан постигна 30 поени.

    https://youtu.be/L64Gz_GGbJg

    Кливленд без Леброн Џејмс беше немоќен на гостувањето кај Индијана, која победи со 103:92.

    Останати резултати:

    Орландо – Њу Орлеанс 89:82
    Индијана – Кливленд 103:93
    Филаделфија – Вашингтон 109:102
    Бостон- Далас 90:83
    Њујорк – Детроит 105:102
    Оклахома – Хјустон 105:103
    Торонто – Голден Стејт 121:127
    Клиперс – Мемфис 107:111
    Сакраменто – Сан Антонио 105:110