Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан е подготвен да продаде барем еден напаѓач, а најблиску до излезните врати е Карлос Бака, кој беше на Вилјареал на позајмица претходно, а сега се врати во Милан.
Тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо, нема намера да го користи Бака во наредната сезона, а за напаѓачот бара 15 милиони евра.
Вилјареал одби да го купи на крајот на сезоната, а ќе видиме дали сега „жолтата подморница“ ќе се предомисли, иако постојат уште неколку заинтересирани страни за Колумбиецот.
Бака постигна 15 гола и шест асистенции на 35 натпревари, но во Милан по доаѓањето на Гонзало Игуаин повеќе не им е потребен.
Освен него, Милан на располагање ги има Андре Силва и Никола Калиниќ, како и младиот Патрик Кутроне.