Гвардиола: Гол разликата ќе го одлучува шампионот на Островот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оцени дека неговиот тим го очекува пеколен пат кон одбраната на титулата, почнувајќи со Евертон во среда.

Сити во среда ќе се сретне со Евертон на домашен терен, средбата е поместена поради обврските на Сити во Лига Купот, бидејќи играат со Челси во финалето.

Доколку „Граѓаните“ го победат градскиот ривал на својот директен конкурент во битката за титулата, Ливерпул, ќе застанат на челото на табелата иако сега заостануваат три бода.

„Не знам како Ливерпул се носи со притисокот, но верувам во своите играчи. Сигурен сум дека првенството ќе биде одлучено во последните кола. Ние ќе се обидеме да бидеме успешни во сите натпреварувања во кои учествуваме, но ментално е навистина тешко. Со еден пораз, се се завршува. Имам, чувство дека секој меч е финален. Овој месец е ужасен“, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити моментално е на втората позиција со 59 освоени бодови од 25 кола, три помалку од првопласираниот Ливерпул.