Гвардиола збесна: Со оваа одлука му давате предност на Ливерпул во клучната битка за трофејот во Премиер лигата…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е бесен на челниците на Премиер лигата откако виде дека мечот на Сити против Кардиф е закажан три дена пред полуфиналето во ФА Купот.

„Граѓаните“ требаа да се состанат со Кардиф на „Итхад“ на 6. април, но по победата во четвртфиналето во ФА Купот над Свонси во саботата, Сити го осигура мечот против Брајтон тој викенд, па челниците на лигата беа присилени да го одложат мечот од Премиер лигата.

Премиер лигата дополнително објави дека мечот со Кардиф ќе се игра на 3. април, односно помалку од 72 часа пред мечот од ФА Купот на Вембли.

На Гвардиола ова најмалку му требаше, бидејќи Манчестер Сити веќе има пеколен распоред во април каде го чекаат два меча во Лигата на шампионите против Тотенхем, натпревар во лигата против истата екипа, како и мечот против Кристал Палас и Манчестер Јунајтед на гости.

Шпанецот се плаши дека тоа би можело да ги промени плановите на Сити да освои четири титули оваа сезона, но и дека со ова ќе му се даде предност на Ливерпул во битката за титулата во Премиер лигата.