Гвардиола сака да купи играч кој стана професионалец пред шест месеци


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер сити е заинтересиран за 19-годишниот Австралиец, Даниел Арзани, кој се покажа добро на Мундијалот во Русија.

Арзани има потекло од Иран, член е на Мелбурн Сити, за кој првпат професионално настапи пред шест месеци. Тоа не им пречи на „граѓаните“ да го донесат.

Овој млад фудбалер би можел да изненади со своите игри на голема сцена, но и ако потпише за клубот од „Етихад“, сигурно ќе замине на позајмица.

Арзани има договор со Мелбурн до наредната година, а во 18 натпревари за екипата постигна два гола и три асистенции.