Гвардиола со интересен коментар: Јунајтед победува секоја недела, до крајот ќе биде…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола верува дека јавноста во Англија премногу бргу го отпиша неговиот тим од битката за титулата во Премиер лигата и истакна дека во моментов Премиер лигата е еден „ролеркостер“  во кој не знаеме кој ќе дојде на врвот до крајот.

По двата кикса на Ливерпул, сега Манчестер Сити дојде на само три бода негатива од Ливерпул, а со победа против Евертон утре ќе се врати на првата позиција на табелата иако ќе има еден натпревар повеќе од „Црвените“.

„Пред три-четири дена многумина велеа дека сме готови. Шампион беше Ливерпул, а сега ние повторно можеме да бидеме први. Се обидуваме да бидеме смирени. Ќе има изненадувања и ќе биде тешко за тимовите да победат на секој натпревар.

Би рекол дека ова е типично англиски фудбал. Тоа што се случи лани, кога имавме 18 победи по ред и 100 поени, не беше често. Сега можете да бидете поразени на секој натпревар “ – заклучи Гвардиола, а потоа даде интересен коментар поврзан со градскиот ривал, Јунајтед.

„Никогаш не сум ги отпишал Тотенхем. Ниту Челси. Манчестер Јунајтед победува секоја недела, па до крајот и тие ќе бидат на врвот. Сега ја гледаме табелата и ги гледаме само првите два-три тима, и не ги гледаме тимовите на подолните позиции. Има уште 39 поени во игра, а девет или десет бода минус не се ништо. Секој е подготвен да собира поени“- заврши Гвардиола.