Гвардиола: Тешко беше, го видовте и Јунајтед…


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека неговиот тим не треба премногу да ги гледа резултатите на другите екипи и да се насочи кон работата исклучиво на тимот.

„Граѓаните“ во последниот меч загубија од Њукасл со 2:1 и сега заостануваат пет поени зад водечкиот Ливерпул кој исто така киксираше, но со реми против Лестер.

„Не е важно колку заостануваме, мора да напредуваме и да се фокусираме на нашата игра. Многу работи може да се променат. Секој натпревар е нов предизвик за да видиме каде може да бидеме подобри, како може да го победиме ривалот. Оваа недела му беше тешко на тимовите кои се на врвот на табелата, погледнавте што се случи и со Јунајтед. Има уште многу натпревари“- коментираше Гвардиола.