Германец пристигнува на местото на Зидан? Постои список со засилувања за „кралевите“!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона игра катастрофално, а одбраната на титулата во Шпанија е невозможна, затоа што имаат негатива од 19 бодови зад Барселона.

Минатиот викенд Реал беше поразен од Виљареал со 0:1, а тоа го запали „алармот“ во Мадрид. Атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална, а се повеќе се зборува дека Роналдо заминува на крајот на сезоната.

Шпанскиот медиуми пренесуваат дека Перез сериозно размислува на Зидан да му даде отказ, иако тој имаше добри резултати во последните две години. Но Перез ја гледа моменталната форма, а таа е далеку од тоа на кое сме навикнале да ги гледаме Реал. Се шпекулира дека доколку Зидан замине, на местото да дојде Германецот  Јоаким Лев.

Што се однесува до нови засилувања, на листата се Дибала, Кејн и Нејмар.