Германија ќе биде домаќин на ЕП 2024


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европското првенство (ЕП) во 2024. година ќе биде одржано во Германија, а тоа го потврди денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА).

На седницата на Извршниот комитет на УЕФА беа разгледувани понудите за организација на ЕП 2024. година.

На ЕП ќе играат 24 репрезентации, а ќе бидат одиграни 51 натпревар во 32 дена на јуни и јули, а градови домаќини ќе бидат Берлин, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Штутгарт.

Интересно е тоа што за Турција ова е четвртиот пораз во понудите за организацијата на ЕП, а Германија е избрана поради предноста во инфраструктурата, аеродромите, патиштата и стадионите.