„Ги повикав Сампрас и Куертен, но…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро откри кого сакал да ангажира за тренер.

На првите 3 турнири во оваа сезона на кои учествуваше, него го следеше Орсаниќ. Но освојувачот од 2009 годна е свесен дека му е потребен подобар тренер.

Дел Потро откри дека стапил во контакт со Сампрас и Куертен, но објасни дека во овој момент е тешко да се постигне договор.

„Би било одлично кога некој би ме следел на турнирите. Разговарав со некои луѓе, но во овој момент тие не можат да ги прилагодат своите обврски со моите. Комплицирано е.“

Наредниот турнир на кој ќе игра Дел Потро е во Есторил за 10-на денови. Потоа планира да настапи во Мадрид и Рим, а потоа и на Ролан Гарос.