„Го напуштам фудбалот!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Енрике потврди вчера дека во наредната сезона нема да седи на клупата на Барселона.

Кај овој 46-годишен тренер дојде до заситување и потврди дека ќе се повлече од работата.

„Причина поради која заминува е затоа што сакам одмор. Да го постигнам тоа, морам малку да заминам од оваа работа, затоа што кога се работи на ова ниво, постојано сте активни и имате само неколку часови за одмор.“

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ми ја дадоа. Имав незаборавно искуство со овој тим. Останаа 3 возбудливи месеци во кои може да освоиме 3 трофеи. Еден од нив е ЛШ. Имаме мали шанси, но со вистински настап, можеме да направиме пресврт.“

Енрике како тренер на Барселона освои апсолутно се. Два пати беше шампион, а исто толку титули освои во кралскиот куп, а ја освои и ЛШ, европскиот, шпанскиот Суперкуп, како и ФИФА клупското првенство.