Гол каков ретко гледаме на „Филип Втори“: Барди со мајсторија донесе водство на Македонија (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија конечно го скрши отпорот на Гибралтар и во 26. минута од средбата стигна до водство од 1:0.

Стрелец на погодокот беше Енис Барди кој на мајсторски начин го совлада гостинскиот голман. Фудбалерот на Леванте упати феноменален удар откосо кој беше прецизен и заврши зад грбот на Кафер.