Голем пресврт, Реал губи уште едно „сигурно“ засилување!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден Азар ги отфрли шпекулациите на својот татко Тери дека се воздржува од потпишување на нов договор со Челси за да почека понуда од Реал.

Реал го сака Белгиецот, но Челси му нуди подобар договор за да остане. А во интервју за еден медиум, татко му ги налути него и клубот.

„Мојот татко кажа некои лоши работи и јас разговарав со него. Фокусиран сум на Челси, имам уште две години од договорот и среќен сум. Како што реков претходно, тука сакам да ја завршам сезоната, а потоа ќе видиме“, вели тој.