Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џанлуиџи Донарума нема да го продолжи договорот со Милан, тоа денес го соопшти Марко Фасоне, извршниот директор на клубот.
По возбудливиот период за навивачите на Милан во кој донесоа неколку екстра квалитетни засилувања, денес следуваше шок за нив по откривањето дека Донарума не сака да го продолжи договорот со клубот.
„Мино Раиола ме информираше дека одлуката на Донарума е да не го продолжи договорот со Милан. Тоа е финална одлука донесена од играчот.“- коментираше Фасоне.
Фасоне потоа истакна дека на Донарума му бил понуден многу подобар договор од тоа што пишувале медиумите но играчот истиот го одбил.