Голема казна за Портис по инцидентот со Миротиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главна тема во медиумите вчера не беше стартот на новата сезона во НБА Лигата туку тепачката помеѓу Никола Миротиќ и Боби Портис.

Портис бурно реагирал на вербалните провокации на Миротиќ и со тупаница го удрил Шпанецот со црногорски корени. Миротиќ по ударот заработил потрес на мозокот и фрактура на вилицата, поради што ќе отсуствува околу два месеци.

Портис поради нападот на Миротиќ ќе биде казнет со осум натпревари, а по инцидентот се огласија и челните луѓе на Чикаго Булс.

„Боби Портис не е лош човек, но погреши“- кратко коментираше потпретседателот на Чикаго Булс, Џон Пакстон.

„Разочарувачки е кога ќе се случи ваков инцидент зошто ние сме едно големо семејство. Сепак, не смееме да си дозволиме тоа да ни ја уништи сезоната“- истакна тренерот на екипата, Фред Хојберг.

Миротиќ ова лето потпиша нов двегодишен договор со Чикаго, додека Портис од 2015 е член на „Биковите“ откако беше избран како 22 пик на драфтот.