Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во саботата убедливо ја победи Фиорентина со 3-0, а очигледно би можеле да ги победат и надвор од теренот. „Старата дама“ е заинтересирана за младата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Кјеза.
„Тутспорт“ пишува дека Јувентус се бори со Интер и Наполи, кои веќе некое време се заинтересирани за 21-годишниот фудбалер, кој би можел да ги чини 70 милиони евра.
Трансферот на Кјеза би можел да стане и најголем во историјата на Фиорентина. Да потсетиме, неговиот татко Енрико пред 20 години беше најскапо засилување за клубот од Фиренца.
Федерико стана стандарден италијански репрезентативец, а сезонава постигна два гола за Фиорентина и пет асистенции во 14 натпревари.