Големото дерби во Тетово заврши: Вардар поуспешен од Шкендија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тимот на Вардар успеа да победи во натпреварот против Шкендија благодарение на головите на Николов и Спировски.

    Оваа победа на Вардар ја зголеми разликата во однос на Шкендија на 5 бодови.

    Шкендија доминираше во поголемиот дел од натпреварот и имаше неколку убави шанси, но Вардар благодарение на Гачевски остана без примен гол.

    Првиот гол го постигна Спировски од слободен удар во 36-та минута додека конечниот резултат го постави Николов.

    Во останатите натпревари, Македонија ЃП беше подобра од Ренова со 3:1, Работнички исто така со 3:1 беше подобар од Шкупи додека Победа против Силекс, односно Брегалница со Пелистер одиграа нерешено.

    На врвот на табелата е Вардар со 25 бодови, по него следат Шкендија со 20, Работнички 19, Пелистер 16 и Ренова со 15 бодови, Силекс има 11, Шкупи и Победа по 10 бодови, Македонија ЃП 9 и на дното е Брегалница со 8 бодови.