Голчиште во изведба на Дибала


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус на свој терен славеше победа од 2:0 против Удинезе, а творец на истата беше Пауло Дибала кој беше стрелец на два гола.

Првиот гол Дибала го постигна во 20 минута по еден фантастично изведен слободен удар.  На 2:0 зголеми истиот играч со гол во 48. минута од средбата. Голот дојде по едно одлично проигрување од Гонзало Игуаин кој во првиот дел не успеа да реализира удар од белата точка.

Со оваа победа Јувентус дојде на врвот на табелата со еднаков број поени колку и Наполи но со многу подобра гол разлика.