Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џенова и официјално го донесе играчот од средниот ред на Беневенто, Сандро. Бразилецот минатата полусезона играше во тимот кој испадна од Серија А и остави сосема добар впечаток.
Беневенто целосно го откупи договорот на Сандро од Анталијаспор за 2.3 милиони евра, па веднаш го испрати на шестмесечна позајмица во Џенова. Клубот на Пандев ќе има обврска да го откупи неговиот договор во јануари.
29 годишниот фудбалер од средниот ред е многу искусен играч и со сигурност ќе биде големо засилување на Џенова. Во својата кариера Сандро има настапувано за Интернасионал, Тотенхем, КПР и ВБА.