Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира дека Гонзало Игуаин ќе ја продолжи кариерата во Милан, а денеска сите италијански новинари соопштија дека договорот за неговата позајмица е постигнат.
Игуаин синоќа стигна во Милано, каде што треба денеска да помине лекарски прегледи и да го реализира својот трансфер.
Одличниот Аргентинец во Милан го пречекаа голем број навивачи, а тој на присутните им потврди дека е постигнат договорот и наскоро ќе стане фудбалер на „росонерите“.
„Прво ќе потпишам, а потоа ќе зборувам. Утре имам лекарски прегледи и се надевам дека ќе потпишеме договор. Почнувам нова авантура. Сакам да ги поздравам сите навивачи на Милан, но и навивачите на Јувентус. Леонардо ме убеди да дојдам во Милано“, вели Игуаин.