Готово е: Кутињо во Барселона за 145 милиони фунти


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Спортс“ штотуку пренесе информација дека Барселона и Ливерпул конечно се договориле за трансфер на Фелипе Кутињо.

Бразилецот ќе ги чини Каталонците 145 милиони фунти и ќе оди на медицински прегледи во Барселона во понеделник. Преговорите меѓу двата клуба се одвиваа неколку недели за денес конечно да дојдат до договор за висината на сумата и начинот на плаќање.

Се шпекулира дека Ливерпул замената за Кутињо ја нашол во Лестер во името на Ријад Махрез со кого веќе се започнати преговори за трансфер на „Енфилд“.