Готово е: Позната судбината на Сантијаго Солари во Реал Мадрид


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сантијаго Солари ќе биде нов предводник на Реал Мадрид и тоа на перманентна оснава откако се договорил со „Кралскиот клуб“ да остане на „Бернабе“ најмалку до крајот на оваа сезона.

Оваа инфорамција официјално е потврдена и од страна на Шпанската Фудбалска федерација на нивната веб страна. Правилата во шпанската лига се такви што дозволуваат привремениот менаџер да ја има таа функција само 15 дена, а потоа да се назначи перманентен тренер кој подолг период ќе работи во клубот.

Од Реал Мадрид беа притиснати од времето и мораа да донесат одлука, а одличните резултати на Солари кој стана најуспешниот тренер на клубот по првите четири средби покажаа дека тој би бил правилниот избор.

42 годишниот стратег ги доби сите четири средби на клупата на Реал Мадрид со неверојатна гол разлика од 15:4.