Готово е: Сити носи нов дефанзивец, Еванс нема да се пресели на „Етихад“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Скај Спортс пренесува дека Манчестер Сити и Атлетик Билбао постигнале конечен договор за трансфер на Ајмерик Лапорте.

„Граѓаните“ ќе платат 57 милиони фунти за 23 годишниот играч од одбраната кој во следните два дена треба да пристигне на Островот на медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договорот.

Ова ќе биде рекорден трансфер на Манчестер Сити затоа што ќе биде за два милиони фунти поскап од тој Кевин Де Брајн кој пристигна меѓу „граѓаните“ во 2015 година за сума од 55 милиони фунти.

Со ваквиот развој на настаните речиси е сигурно дека Гвардиола нема да го донесе Џони Еванс во своите редови оваа зима. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед веројатно ќе го облече дресот на Арсенал до крајот на овој месец.