Гризман веќе бара куќа во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека сопругата на Гризман била во потрага на куќа во Барселона.

Гризман е прва трансфер цел на Барселона во летниот преоден рок и за него Каталонците се се подготвени да платат околу 100 милиони евра.

Спонзорот на Барселона, „ТВ 3“ како и „Радио Каталуња“ објавија дека сопругата на Гризман, Ерика Чоперена поминала одреден период во Барселона со цел да разгледа соодветна куќа.

Барселона ќе си го дозволи Гризман само ако продаде најмалку три играчи во текот на летниот преоден рок.