„Да не се Ѓоковиќ и Надал, ќе се појави некој друг!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот тенисер Роџер Федерер не мисли дека би имал премногу освоени трофеи ако не се појавеле Надал и Ѓоковиќ.

    Федерер освои 17 Грен Слемови, но против Надал и Ѓоковиќ нема добар скор, поточно Надал води во меѓусебни дуели со 23:11, а исто така и Ѓоковиќ со 23:22.

    Од Надал изгуби 6 од 8 Грен Слем финалиња, а од Ѓоковиќ 3 од 4.

    „Искрено верувам дека некој друг ќе се појавеше ако не беа тие двајца. Не знам како да го објаснам тоа, но мислам дека и понатаму ќе имав ист број на титули.“

    Тој очекува брзо да се врати во врвот на АТП листата бидејќи поради паузата падна на 16-то место.

    „Размислував дали ќе чувствувам притисок поради враќањето. Но, ако можам да тренирам како што се надевав, тогаш мислам дека можам брзо да се вратам во врвот на АТП.“