Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Велшанецот го постигна својот десетти гол против Алавес оваа сезона.
Герет Бејл го постигна вториот гол во победата на Реал Мадрид против Алавес, па оваа сезона вкупно стигна до бројката од 10 голови. Тој е втор стрелец во екипата заедно со Асенсио.
Неговиот прв гол падна во првата средба од Примера против Депортиво. Тоа е екипа против која Бејл најмногу голови има постигнато. Селта Виго, Реал Сосиедад, Алавес, Борусија Дортмунд, Нумансија и Ал Џазир се останатите тимови против кој има постигнато по еден гол.