Дали ќе дојде крајот на шпекулациите: Роналдињо конечно си најде нов клуб?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Сао Паоло сакаше да го донесе Роналдињо за наредната година, но добија „корпа“ бидејќи тој има нов клуб.

    Тоа го тврди новинарот Андре Хернан кој изјави дека Роналдињо одлучил да ја продолжи кариерата во МЛС.

    „Сао Паоло го сакале Роналдињо, но неговите агенти им кажале дека тој наредната година ќе игра во МЛС.“

    Роналдињо по заминувањето од Флуминесе во септември минатата година нема најдено клуб, учествуваше во неколку хуманитарни манифестации, а ја прифати улогата на амбасадор на Барселона во САД.