Дали може полошо од ова: Најлош период во кариерата за Ибрахимовиќ


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед не игра добро иако Мурињо стигна со Ибрахимовиќ и Погба на „Театарот на соништата“. Поранешниот шведски репрезентативец нема постигнато гол за Јунајтед на последните 6 натпревари, а тоа му е најлошо постигнување од 2007 година кога играше за Интер.

    https://youtu.be/psuTsc3T0_M

    Сепак, нешто што повеќе привлекува внимание на себе е податокот дека Ибра на тие шест натпревари испрати удар кон противничкиот гол дури 42 пати. Тоа е повеќе отколку било кој други играч од почетокот на сезоната до сега.

    Неверојатната серија промашувања ја заокружи во саботата против Барнли, кога кон голот на Том испрати вкупно 12 удари.

    Прецизните Англичани пресметаа дека поранешниот напаѓач на ПСЖ троши 1/3-на од вкупниот број на удари на својата екипа, која кон голот на Барнли испрати 37 удари. Тоа беше најголем број удари на еден клуб на натпревар во ПЛ од сезоната 2003/04.

    https://youtu.be/YeoxOGradjo