Данпи: Јунајтед се подобри со доаѓањето на Мурињо, но и понатаму е далеку од борбата за титулата


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Поранешниот репрезентативец на Ирска, Имон Данпи вели дека Манчестер Јунајтед е далеку од Челси и Ливерпул.

    Данпи беше член во младите категории на Јунајтед, а подоцна играше за Милвол, Чарлтон и Ридинг.

    Тој верува дека Јунајтед напредуваше под Мурињо во однос на Луи Ван Гал, но и дека понатаму е далеку од борбата за титулата.

    „Дефинитивно Јунајтед се подобри од заминувањето на Ван Гал и доаѓањето на Мурињо. Но, би рекол дека се далеку, далеку од нивото на кое треба да бидат за да му се спротистават на Челси, кој ги надигра и Ливерпул кој ќе ги надигра.“, изјави Ирецот.

    Тој додаде дека екипата прими многу лесен гол против Арсенал минатиот викенд.