Данска на колена, Франција го освои трето место на ЕП!


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометарите на Франција го освоија трето место на ЕП во Хрватска. Тие вечерва успеаа да ја победат селекцијата на Данска со 32:29.

Иако беа најголеми фаворити за злато, Французите на крајот ќе мора да се задоволат со трето место.

Франција ја искористи секоја грешка на Данска во првиот дел од натпреварот, играше одлично во одбрана и на полувреме замина со три голови предност, односно 17-14.

Данска не успеа да се врати во натпреварот, па во продолжението се играше гол за гол и на крајот Франција стигна до победата со 32-29.